Турнирот во кошарка е закажан за недела во 11 часот.
По минатогодишното воведно издание кое ги собра сите оние кои сеуште значат многу за кавадаречката кошарка, утре во спортската сала „Јасмин“ кавадаречките ветерани по втора година по ред ќе му оддадат почит на својот ментор, Ордан Тотов.
За разлика од минатата година кога гостуваше само тимот на Борец од Велес, годинава на турнирот освен велешани ќе ги видиме и кошаркарските ветерани на Битола и Струмица.Почетокот на турнирот е закажан за во 11 часот.