МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРВЕНСТВОТО ПРОДОЛЖУВА ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД А ВО КАВАДАРЦИ КЕ ГОСТУВА ЕКИПАТА НА ТФТ oд Скопје.

Најквалитетните македонски кошаркарски екипи сезоната ке ја продолжат претстојниов викенд но во меѓувреме ке одиграат и неколку заостанати натпревари. Во првиот натпревар во новата 2021 екипата на „МЗТ“ славеше на гостувањето кај „Вардар“ со сигурни 67:100. Денеска би требало да се одиграат уште две заостанати средби и тоа „Кожув“ - „Пелистер“ и „Работнички“ - „Црн Дрим“. И екипата на „Еуро Никел“ требаше да го одигра заостанатиот натпревар со „Куманово“ но поради обврските на кумановчани на меѓународна сцена оваа средба допрва ке се игра. Следното редовно коло на програмата е претстојниов викенд а во сабота во Кавадарци би требало да гостува екипата на „ТФТ“.

м.в.