Кавадарчани одиграа тимски и лесно се справија со тимот на Ангели за конечни и убедиви 104-72
Кошаркарите на Еуроникел ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последниот на табелата, екипата на Ангели и забележаа убедлива победа од 104:72. Гостите од Скопје беа рамноправен ривал само во првите десет минути од играта во салата „Јасмин“ период кој Еуроникел го доби со 19:15. Кавадарчани притиснаа во нападот во вториот период и на полувреме заминаа со скор од 47:29. Во исто темпо ја одработија и третата четвртина а во еден момент ЕуроНикел поведе и со 71:44. Кога веке се беше решено тренерот Самарџиев последните 5 минути ги одигра со најмладите на теренот Чадамов, Тодоровски, Бојчев и Златев но и тие беа пресилни за противникот. По 14 поени постигнаа високите играчи Самарџиски и Томиќ кој имаше и 100 процентна реализација од поле. 13 уфрли Караколев, а по десет поени на контото на екипата од Кавадарци постигнаа Соколов и Ѓекиќ. Од која позиција ќе стартува Еуроникел во плеј офот ќе се знае по одигрување на преостанатите натпревари од 22. коло, особено оние во кои играат нивните конкуренти за што повисока позиција на табелата, ТФТ и ФМП. Да потсетиме и на другите парови ФМП - МЗТ, Пелистер - ТФТ, Кожув - Гостивар, Феникс - МЗТ 2 и Куманово - Работнички.Единствен натпревар во женска конкуренција ке биде баражот за опстанок односно пласман во елитата во кој ке се сретнат двете кавадаречки екипи Трокал и Пробаскет. Средбата ке се одигра во понеделник во салата Јасмин со почеток од 14 часот.
М.В.