МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фени Индустри и МНА Кожувчанка ќе ја бранат честа на Кавадарци на завршницата на националниот кошаркарски Куп кој следниот викенд ќе се одигра во Кавадарци.

Ждрепката одлучи Фени во четвртфиналето кое е закажано за во петок да се сретне со екипата на АВ Охрид, но во крајно неатрактивен термин за кавадаречката јавност, 15 часот и 30 минути. Евентуалната победа ќе ги однесе избраниците на Малинков на дуел со подобриот од дуелот МЗТ Скопје - Кожув.МНА Кожувчанка пак како третопласирана по седум одиграни кола од домашниот шампионат ќе вкрсти со тимот на Вардар во второто женско полуфинале кое на програмата е во сабота, 18 февруари со почеток од 15 часот и 30 минути. Во првиот полуфинален дуел Бадел го очекува тимот на Пелистер.Извлекувањето на натпреварувачките броеви и имињата на екипите го извршија генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и комесарот за натпреварување при МКФ Владо Цветковски.

ЛИМАК КУП на Македонија 2017РАСПОРЕД

Четврт-финале - 17.02.2017 (петок)13:00ч. КК Карпош Соколи 2000 – КК Вардар (пар Г)15:30ч. КК ФЕНИ Индустри - КК АВ Охрид (пар Б)18:00ч. КК Работнички - КК Куманово 2009 (пар А) МРТ20:30ч. КК МЗТ Скопје А. – КК Кожув (ТВ) (пар В) МРТ

Полуфинални натпревари – 18.02.2017 (сабота)

13:00ч. ЖКК Бадел 1862 –(четвртопласирана екипа по одиграни 7 кола во ПЛЖ)15:30ч. ЖКК Вардар - (третопласирана екипа по одиграни 7 кола во ПЛЖ)18:00ч. Победник (пар А) – Победник (пар Г) МРТ20:30ч. Победник (пар Б) – Победник (пар В) МРТ

Финале – 19.02.2017 (недела)

16:00ч. Финален натпревар – жени МРТ19:00ч. Финален натпревар – мажи МРТ