ПО ПАУЗАТА ЗАРАДИ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ НАСТАПИ КОШАРКАТА СЕ ВРАЌА ВО САЛИТЕ
Утре според предвидувањата треба да се игра редовното 15 коло во кошаркарското првенство. Но истотото нема да биде комплетно. Екипите на „МЗТ“ и „Работнички„ нема да играат бидејки имаат настап во АБА 2 балонот во Сараево.
Но тука се јавува проблем.
Екипата на „МЗТ“ треба да му гостува на „ТФТ“ и ја информирале федерацијата дека постигнале меѓусебен договор за одлагање на средбата. „Работнички“ требаше да гостува во Кавадарци на екипата на „Еуро Никел“ меѓутоа и овој натпреват е одложен .Тренерот Самарџиев ни рече дека тие сакале да играат но од федерацијата добиле известување дека средбата е одложена.
Проблемот е што настапот во АБА 2 лигата е дури во среда на 3 март што на „Работнички“ му дава доволно време да игра и во првенството и на меѓународна сцена. Сепак од федерацијата не мислеле така.Останува да се играат 4 средби од ова 15 коло. Дербито ке се одигра во Куманово каде истоимената екипа ке го пречека „Гостивар“. „Вардар“ го пречекува „Кожув“, „ФМП“ е фаворит во дуелот со „Црн Дрим“, а „Пелистер“ не би требало да има проблеми на гостувањето кај „МЗТ 2“
м.в.