Младите кошаркари до 14 години од СПОРТИСИМО и ЕУРОНИКЕЛ 2005 го затворија 6-тото првенствено коло во групата ИСТОК. Екипата на СПОРТИСИМО остана единствена непоразена екипа од оваа група. Во спортската сала “Партизан” го победија градскиот ривал ЕУРОНИКЕЛ 2005 со убедливи 86:37 со што го обезбедија првото место во групата а со тоа и пласман во натамошниот тек од натпреварувањето.Од самиот почеток кошаркарите на СПОРТИСИМО направија голема резултатска разлика. Целиот натпревар одеше во нивна корист а им се даде шанса и минутажа на сите кошаркари кои беа дел од составот за овој натпревар.
Кај СПОРТИСИМО прв стрелец беше Иванов со 23 поени, следуваа Миленовиќ 19, Ристовски 16, Павлов 10, Петров 6, Бебеџаков 4, Таасовски 3, Димов 2, Ристов 2 и Арсов 1.Во редовите на ЕУРОНИКЕЛ 2005 Петрески постигна 13 поени, Костов 10, Самарџиев 8, Ацев 3, Ласков 2 и Мукаетов 1.
СТИМ ЛИНК ОД СРЕДБАТА :https://www.youtube.com/watch?v=OBeQOO3yuKk