МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТРОКАЛ НЕ УСПЕА ВО БОРБА ЗА ТРЕТОТО МЕСТО .ЗАГУБИ ОД ВАРДАР СО 56:66

Победник на финалниот турнир во М16 лигата во женска конкуренција е екипата од Крива Паланка која во финалето го победи Бадел со 72:67. Првиот период паланчанки го добија со 22:13 а на полувреме водеа и со убедливи 47:28. Бадел комплетно се врати во вториот дел и стигна до 67:69 на 53. секунди пред крајот. Сепак Крива Паланка го издржа налетот даде уште три поени за недостижни 72:67 и големо славење.Во натпреварот за третото екипата на Вардар го совлада кавадаречки Трокал со 66:56 и се закитија со бронзените одличја. Кавадарчанки парираа само во првото полувреме кое заврши 23:23. Во вториот дел Вардар направи недостижна предност која рутински ја одржуваше. Сооглед на младоста на кавадарчанки и четвртото место е извонреден резултат за оваа талентирана генерација.

М.В.