СЕУШТЕ СЕ ЧЕКА ДАЛИ КАВАДАРЧАНИ КАКО ВИЦЕШАМПИОНИ СЛЕДНАТА СЕЗОНА КЕ ИГРААТ ВО АБА 2 ЛИГАТА
Управата и стручниот штаб на КК ЕуроНикел не седат со скрстени раце и во голема мерка работат да го подготват костурот на тимот за следната сезона. Од друга страна сите се во исчекување на официјалната информација односно потврда дали кавадарчани следнава сезона како вицешампиони ке играат во АБА 2 лигата. Кога сме кај играчкиот кадар според пишувањата на некои медиуми по четири години во Гостивар, Ивица Димчевски одлучи да ја смени средината и во новата сезона ќе ги брани боите на Еуро Никел.Исто така според истите шпекулации по две години поминати во екипата на МЗТ во Кавадарци доаѓа и Кристијан Николов.Никола Караколев има сеуште активен договор а Јане Петровски и Дарко Соколов најверојатно ке го продолжат престојот во Кавадарци. Но кавадарчани нема да застанат тука и продолжуваат да преговараат со уште неколку домашни и странски кошаркари но нивниот ангажман во голема мерка ке зависи од фактот дали клубот ке добие излез на меѓународна сцена. Тренерот Самарџиев знае дека за домашното првенство му е потребен одреден калибар на кошаркари додека за меЃународни настапи ке му треба нешто многу поквалитетно.
М.В.