Кавадарчани славеа на гостувањето кај Куманово а Феникс загуби од ТФТ
Кошаркарите полека го привршуваат регуларниот дел од сезоната.
Викендов ги одиграа средбите од 19 коло. Гостивар загуби дома од МЗТ со 68-77 а Работнички го изненади лидерот Пелистер и славеше со 95-89. МЗТ 2 загуби од Кожув со 73-87 а Ангели дома загубија од ФМП со 56-83.Во сиректната пресметка за место во плеј офот ТФТ со 77-68 го совлада Феникс.
Кошаркарите на Еуроникел забележаа уште една гостинска победа овој пат над Куманово со 67-75. Кумановчани на средината на вториот период имаа и + 15 (34-19) но Кавадарчани брзо се вратија и на стартот на последниот период поведоа и со + 10 или 48-58. До крајот Еуроникел рутински си ја сочува предноста за конечни 67-75. Ѓекиќ беше најефикасен кај кавадарчани со 16 поени, Калахан уфрли 14, Соколов 13,Дубински 11 а Самарџиски 10.Кај девојките од елитната кошаркарска група се одигра 4 коло од оролоџото. Пробаскет очекувано е поразен од лидерот Бадел со 63-89 а Крива Паланка загуби од Вардар со 58-64. Денеска својот натпревар ке го одиграат Баскет Кам и МЗТ.Во групата Б се одигра 16 коло. Екипата на Гризли славеше кај Ринија со 34-83 и се израмни со Трокал кој беше слободен на лидерската позиција. Патриот го доби Гостивар со 68-52. Тим Арена загуби од Шкупи со 50-66 а Мега Баскет е поразен од Куманово со 51-68.
М.Виденовиќ