ВАРДАР ЕУРОНИКЕЛ 68:94КАВАДАРЕЧКИТЕ КОШАРКАРИ ОВАА ПАНДЕМИСКА ПОЛУСЕЗОНА ЈА ЗАВРШИЈА НА ТРЕТАТА ПОЗИЦИЈА НА ТАБЕЛАТА

Кавадаречките кошаркари со победа ја завршија оваа 2020. Во услови на пандемија „Еуро Никел“ одигра 6 натпревари на кои забележа 4 победи и 2 порази и со 10 освоени бодови годината 2020 ја заврши на позицијата број три на табелата. Поради проблемите со корона вирусот беа одложени многу натпревари па викендов кошаркарите ги играа средбите од 10 коло. Кавадаречките кошаркари му гостуваа на „Вардар“ во Скопје и забележаа сигурна победа. Од почетокот на натпреварот „ЕуроНикел“ ја контролираше и играта и резултатот и разликата само рутински се зголемуваше за конечни 68:94. Казарновски беше најефикасен со 24 поени,Мијатовиќ додаде 19,Влаховиќ 12 а Караколев 10. Соколов воопшто не се појави на паркетот а тренерот Самарџиев им укажа можност на сите од клупата па сите кои влегоа во записникот и се запишаа во листата на стрелците. Кај „Вардар“ Дујковиќ и Лефковски постигнаа по 16 поени.Во дербито „Работнички“ успеа да загуби на домашен терен од „Пелистер“ со 81:105. Затоа битолчани годината ја завршија на првата позиција без пораз во 6 натпревари.Во малото дерби „ТФТ“ беше поуспешен од „Гостивар“ со 81:73. „МЗТ“ очекувано го декласираше „Црн Дрим“ со 104:67,а изненадувањето го направи „МЗТ 2“ кој ја забележа првата прволигашка победа совладувајки го фаворизираниот „ФМП“ со 88:77.

Следува пауза во првенството за новогодишните и божикните празници а доколку се биде во ред со натпревари ке се продолжи во втората половина од јануари.

м.в.