МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРОНИКЕЛ СТАРТУВА НА ГОСТИ КАЈ ВТОРИОТ ТИМ НА МЗТ СКОПЈЕ

КФСМ го објави целосниот распоред за натпревари во првата кошарскарска лига, што треба да стартува на 3 октомври. Со ждрепка беше одлучено сезоната да стартува со вечното дерби што значи дека Работнички веќе во првото коло ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје и тоа најверојатно во големата сала на СРЦ „Кале“.Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Кожув и засилениот Пелистер, Гостивар е фаворит на гостувањето против ФМП, додека новиот прволигаш ТФТ ќе го пречека Куманово. Тимот на „Еуроникел“ новата сезона ке ја стартува на гости кај вториот тим на МЗТ Скопје во средба во која ја има фаворитската улога.Двојките за првото коло се :Академија ФМП – ГостиварТФТ – КумановоКожув – ПелистерРаботнички – МЗТ Скопје АеродромВардар – Црн ДримМЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005

Во второто коло на 10 октомври „Еуроникел“ ке го пречека „ФМП“ по што ке следуваат две тешки гостувања - кај „Гостивар“ на 17-ти и кај „Работнички“ на 24 октомври. Во првиот дел од првенството ќе се одиграат вкупно 22.кола. Првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел) продолжуваат со натпреварувањето во Супер лигата. Екипите кои ќе завршат од 7. до 12. позиција на табелата, ќе разигруваат во „Плеј-аут“ лигата. Федерација ќе ги покрие трошоците на екипите за задолжителното тестирање од вирусот Ковид-19, кое треба да биде извршено на 72. часа пред почетокот на новата сезона. Клубовите се согласија дека обврска на сите од нив е да ја платат котизацијата за натпреварувањето во Првата лига-мажи, што значи дека и покрај најавите таа нема да биде укината.

м.в.