МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во досегашните борби кавадарчани одлични

Во категоријата јуниори до 57 килограми, Филип Ризов со 3-0 го декласираше Еурон Намани од Косово и закажа дуел со Камерон Бејнс Дојл од Велика Британија. Со идентични 3:0 во истата конкуренција славеше и Блаже Настов кој немаше милост кон Всилеос Наталас. Кавадаречко-британската пресметка која ќе ја започне Ризов ќе ја продолжи и Настов со четвртфиналниот дуел со Вилијам Тејлор.

Доколку успеат да триумфираат во четвртфиналните натпревари, Настов и Ризов ќе си обезбедат најмалку бронзен медал од европското првенство.

Вредно е да се напомене дека Ризов и Настов се дел од четворицата од вкупно 20-те македонски репрезентативци кои славеа во првите борби, и го продолжија својот настап на Европското кик бокс првенство за кадети и јуниори.