МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТРКИТЕ КЕ СЕ ОДРЖАТ НА ВИТАЧЕВО.ПРЕДВИДЕНО Е ОДРЖУВАЊЕ НА 4 ТРКИ

Младински центар Креактив Кавадарци во соработка со општина Квадарци, Хербалајф и други компании, годинава по втор пат на 27 август, организира Меѓународниполупланински трки-2016 - „BORN TO RUN“. Трите планирани рути се со должина од 10 км, 5 км и 3км. Стартот за 10-километарската рута е на висорамнината Витачево. Трките стартуваат во 17.30 часот , а сите регистрирани тркачи треба да се сретнат во 16:30 на градскиот плоштад во Кавадарци од каде со своите тркачки бројчиња и ќе бидат одвезени со организиран превоз до стартните точки.

За сите рути, возрасна граница нема, но се молат регистрираните тркачи одговорно да ја земат предвид својата физичка подготвеност. За пријавените учесници под 18 годишна возраст ќе биде потребна потпишана изјава од родител/старател дека личноста е физички спремна да учествува.

Партиципација:

10 км трка ......250 ден.

5 км трка ........150 ден.

3 км трка ........100 ден.

16 км планинско трчање ... 300 ден.

b2r-poster-01_orig.jpg

Попусти за членови на спортски клубови и на невладини и младински организации: За група од петмина - плаќаат само четворица. За група од десетмина - плаќаат само седуммина.

Наградите, за 1-во, 2-ро и 3-то место во женска и во машка категорија во сите рути, се обезбедени од Хербалајф и други спонзори коишто наскоро ќе бидат објавени.

Инаку минатата година на истиот настан учествуваа 80 тркачи, мажи, жени и деца.