МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИОТ РАКОМЕТАР СЕ РАЗДЕЛИ СО ОХРИД И СЕ ВРАЌА ВО РОДНИОТ ГРАД

Борче Соколов се раздели со тимот на Охрид и во новиот шампионат ќе го носи дресот на екипата на ГРК Тиквеш. Практично Соколов се враќа дома бидејќи потекнува од Кавадарци. Неговата кариера почна во тимот на В.В. Тиквеш, а откако овој тим престана да се натпреварува се пресели во Зомимак М од Струмица. Потоа играше за Радовиш, а оттаму се пресели во Охрид каде настапуваше во последните сезони. Соколов се здоби со епитет на еден од подобрите дефанзивци во Супер лигата. Во Зомимак, Радовиш и во Охрид тој беше задолжен за играта во одбрана, а ретко добиваше шанса за игра во нападот. Но кавадарчани сигурно го паметат и по тоа дека беше квалитетен лев бек со силен и прецизен удар.

М.В.

фото 24 RAKOMET...