МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во последното коло на Првата Македонска лига ГРК Тиквеш во Кавадарци играше 35 : 35 со РК Куманово.Иако имаа 8 гола разлика во последните 5 минути разликата кумановци ја стопија

Концентрацијата на играчите, или слабата физичка форма, грешките кои се правеа и во одбрана и напад, беа пресудни на средбата ГРК Тиквеш РК Куманово од „готово да се добие вересија“.Нерешениот резултат беше на крајот конечен епилог на овој натпревар од последното коло на ова ракометно натпреварување каде се натпреварува ГРК Тиквеш.

Средбата и полувремето завршија со изедначена игра во која гостите водеа цело време на кавадарчани настројуваа да изедначат и поведат.Тоа се случи во второто полувреме кога беше направена позитива од 8 гола и прикажана одлична игра во нападот. но и одбраната сврши добра работа.

Падот во играта настапи последните 7 минути кога кумановци наближија на гол два за на крајот ,буквално во последните секунди, да се постигне епилогот 35-35.

По неколкуте едноподруго победи ова донекаде е неочекуван резултат со оглед на прогнозата дека ке бидат победени гостите.

Како и да е заврши една тешка сезона за ГРК Тиквешп, во која се сменија 2 тренери.Василев донекаде успеа да ја консолидира екипата, но нередовните тренинзи на еден дел од играчите и други елементи кои на јавноста не и се познати веројатно ја создаваат комплетната слкика за реалната состојба.За неа допрва ке се разговата на ниво на Управа и стручен дел.