МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна квалификациите за„Евробаскет 2017“ со победа против Луксембург :Во Кавадарци во салата „Јасмин“ го совладаа Луксембург со 89:75 .

По испитување на тимовите следуваше период на нашата репрезентација и серија од тројки .Првата четвртина заврши со плус 17 за Македонија . Разликата во вториот период беше 23 поени и таа беше највисока на натпреварот.Нашиот противник во третата четвртина беше подобар противник и започна да ја намалува разликата која во последната четвртина падна на 79:70.

Сепак македонските кошаркари не дозволија целосен пресврт и последните три минути ги заиграа поагресивно во одбраната и беа попрецизни во нападот за на крајот да ја осигурат првата победа во новите квалификации.

Најефикасни кај Македонија беа Војдан Стојановски со 28 и Дамјан Стојановски со 13 поени . Лорен со 16 поени кај Луксембург.

На првиот натпревар од 1.коло од групата Г, Унгарија ја победи Велика Британија со 96:77. Македонија следната средба ја игра на 3 септември на гостински терен против Велика Британија.

Проследете ја изјавата на кошаркарот Бубе Младеновски: https://youtu.be/IJc_DFy9pQU