МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По две години престој во втората македонска футсал лига, се врати онаму каде што припаѓа

Во голем стил, со 22 победи, 5 нерешени и без ниту еден пораз, Црна Река по две години престој во втората македонска футсал лига, се врати онаму каде што припаѓа, во елитното друштво каде што до пред неколку сезони го водеше главниот збор. Играчката криза е надмината, свежата крв која очајно му требаше на клубот пред две сезони ја има во доволна доза за да ја вбризга потребната енергија, која во спој со искуството на Мицев, Димов, Конев, Станоев, Гацев, Мехмединовиќ е добитната комбинација. Секако, не смее да се заборави ниту ангажманот на Горанчо Стојановски, чие фудбалско знаење и интелегенција стекнато од големиот терен го стави во функција на клубот кој доби уште една супер квалитетна опција која може да одработи на секој дел од теренот, особено во нападот. Тука е и младото и надежно голманско трио, кое најавува дека тимот од Кавадарци долгорочно го реши проблемот на позицијата број 1.

Потврда за сето ова е резултатот 12-2 од денешниот натпревар, последен сезонава, против тимот на Шкендија. Натпреварот во кој околу 200 љубители на футсалот кои уживаа во ревијата на убави голови беше решен по само шест минути игра во кои Црна Река веќе водеше со 3-0. До полувреме веќе беше 7-1, а само опуштеноста во играта на домашниот тим беа причината што во второто полувреме Црна Река постигна „само“ 5 гола, за убедлив триумф од 12-2. Конев постигна хет трик, Станоев два, а капитенот Мицев, Димов, Соколов, Стојановски, Темелков и Гацев по еден гол, иако во победата свој удел имаа сите оние кои беа во ростерот за денешниот тим.

Трофејот за шампионот кој обезбедува директно учество во првата футсал лига од страна на претставникот на фудбалската федерација на Македонија заврши во рацете на капитенот Лазе Мицев, кој најави дека догодина ќе се атакува и на шампионскиот наслов во елитното друштво и излез на европската сцена.