На 26 и 27 мај 2018 година Кавадарци беше домаќин на фудбалските надежи.Дојдоа најдобрите екипи на детски школи за фудбалери родени 2006,2007,2009, и 2010 од Велес, Неготино, Струмица, Штип и регионот ,кои играа меѓусебни средби на завршниот турнир кој Фудбалската Федерација на Македонија го организира заедно со ГФК Тиквеш 1930 неколкумина тренери на и вљубеници и подржувачи на фудбалот.Турнирот го отвори Миле Масларков-претседател на Управниот одбор на ГФК Тиквеш, посакувајќи им на младите фудбалери успешен турнир и фер-плеј натпревари.Се играше на принципот :на три терени , секоја средба се иград на две полувремиња по 25 минути, три корнери пенал.Поради возраста на фудбалерите теренот беше значителчно намален.