МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


IGM TRADE

НАЈДОБРА ДЕТСКА ПРЕТСТАВА КАКО И НАЈДОБРА РЕЖИЈА И ГЛАВНА МАШКА УЛОГА ВО ПРЕТСТАВАТА НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ КОЈА ОСВОИ И ГРАН ПРИ

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци на 22 и 23 мај учествуваше на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.

Пред публиката и жирито на фестивалот кавадарчани се претставија со претставите „Не се клади на енглези“ во режија на Диме Коцевски и „Авантурата на принцезата Лили“ во режија на Микица Илова.Ова беше успешно претставување на кавадаречките актери кои назад се вратија со 4 големи награди. Имено стручното жири на ова 58 издание на ДАФ кое работеше во состав Адем Карага, Перо Даниловски и Александар Димитров на крајот од фестивалот ги додели следниве награди:

- Награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци ја доби претставата „Авантурата на принцезата Лили“ во режија на Микица Илова на Театарот при домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци- Наградата за најдобра режија ја доби Диме Коцевски за претставата „Не се клади на Енглези“- Наградата за главна машка улога ја доби Видан Станоев како Негро во „Не се клади на Енглези“

- И главната ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“ ја доби претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Диме Коцевски на Театарот при домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од КавадарциЧеститки за кавадаречките актери кои покажаа, сега и со наградите дека се во самиот врв на драмската уметност во Македонија

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)



Слични содржини од ЕМИСИИ