Деневиве се навршија 15 години од смртта Љупчо Шкартов, фукционер во поранешната власт,визионер на Кавадарци.Целиот живот го посвети на својот град.Кавадарци,голем дел од градот, каков што сега го знаеме, е негoва визија,особено Новиот центар,Градскиот парк и други објекти во Кавадарци. Тивок,но авторитетен, неговиот збор се слушаше, тоа добро го знаат постарите кавадарчани. Со неговото име се врзува и целокупниот развој на повоено Кавадарци. Можеше да се види со палтото преку рака и омилената внука како прошетката ја користи за идни задачи кои сакаше да ги реализира. Одбележа едно време. Сега е друго време, со други предизвици.(Градскиот парк, плоштадот, собраниската зграда и бројни инфраструктурни објекти од области на образованието, културата, спортот,и итн.) обврзуваат да не го заборавиме. Во негова чест Градскиот парк,со одлука на Советот на Општината ,го носи името на Љупчо Шкартов.