МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тој исплива шест километри за два часа и 42 минути.

-Се чувствував одлично, вообичаено нормално малку и напрегнато секогаш од самиот настан, водата беше мирна, езерото и денот беа прекрасни, без проблеми. Проблем со кондицијата немам, летово ова ми е петти маратон, некни пливав девет километри на реката Сава во Србија, рече Илиев .

Вообичаено за вакви потфати, маратонецот имаше придружба од неколкумина во чамец, меѓу кои и негов колега доктор.

-Целта ми е да го промовирам пливањето како спорт, но и промоција на нашите богатства, преубавите природни и вештачки езера, за чии убавини многумина дури и не се свесни. Веќе пливав маратонски на Охридско, Велешко, Беровско, Козјак, Тиквешко, Дојранско, Мантово. Во иднина цел на моето маратонско пливање ќе бидат Маврово, Дебарско, Калиманци, Стрежево, Преспанско, рече тој.

Докторот информираше дека досега има испливано официјални вкупно 267 километри. Неофицијално, со тренинзи, неколку илјади километри. Маратонски пливал на 14 езера, претежно во Македонија, но и во бившите југословенски републики. Во неговата кариера на маратонски пливач забележани се и четири реки, Сава, Дунав, Тиса и Западна Морава, како и четири мориња, Јадранско, Јонско, Црно и Егејско. Маратонски плива низ целиот Балкан, во Македонија и сите бившојугословенски републики, како и Бугарија, Грција и Албанија. Има освоено 11 медали за маратонско пливање, а на еден од маратоните во Бугарија има добиено награда за најдобар учесник странец.

Присутните пријатели на Илиев вчера, кои дојдоа да го бодрат на Мантово, беа воодушевени од прекрасната природа и љубезните и гостопримливи домаќини на викендичка, кои ги отворија портите од својот имот и беа дел од настанот.