МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре крводаритрелска акција ке се спроведе во СОУ„Добри Даскалов“.

Во рамки на планираните годишни активности на Општинската организација на црвениот крст од Кавадарци од денеска започнуваат традиционалните крводарителски акции наменети за средношколците од средните училишта. Први на списокот беа учениците од СОУ „Киро Спанџов Брко“ кои денеска ја даруваа течноста што живот значи. Акцијата заедно со кавадаречкиот црвен крст ја организираше и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Утре на ред се гимназијаците. Својата хуманост ќе можат на дело да ја покажат во просториите на гимназијата „Добри Даскалов“ од 13 до 17 часот. За оваа акција д-р Божинова Петковска ги повика учениците во масовен број да се приклучат кон истата.

На сите ни е добро познато дека крводарувањето е чин на солидарност за секој здрав човек. Чин кој нема цена и со кој во одреден момент може да се спаси нечиј живот. Со самото дарување крв, крводарителите покажуваат висок степен на солидарност спрема оние на кои крват им е најпотребна.