Продолжи работата на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион.
„Оперативата на фирмата „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичњаци низ целата должина на улицата. Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2.„
-се наведува во соопштението оид Кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев