МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Центарот ќе овозможи информациите за компанијата да ги дознаете едноставно и брзо , директно од нашиот персонал.

„Дрекслмајер отвори инфо центар во Кавадарци.Поблиску до вработените, подостапни за заинтересираните! Канцеларијата на Дрекслмајер во центарот на Кавадарци е отворена за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за компанијата, но и да се приклучат на тимот.

“Денес свечено беа отворени вратите на Дрекслмајер инфо центарот во Кавадарци. Отворањето на канцеларијата е со цел компанијата да биде присутна и достапна за граѓаните на Кавадарци и со свој тим на лице место да ги поддржи сите потенцијални кандидати при процесот на аплицирање.

Info_Centar_DRÄXLMAIER_5.JPG

11466.jpg

Инфо центарот ќе овозможи информациите за компанијата да ги дознаете едноставно и брзо директно од нашиот персонал. Токму затоа во текот на денот без закажување на термин можете да се информирате за отворените работни позиции во фабриката, потребните критериуми, како и начинот на аплицирање. Едноставно и брзо со поддршка од нашиот тим од професионалци ќе може да се аплицира за вработување во компанијата.

„Вработените се најголемата вредност за Дрекслмајер. Токму затоа секогаш се трудиме да најдеме начин за да излеземе во пресрет на нивните барања и да бидеме што подостапни за нив. Во новоотворената инфо канцеларија им посакуваме добредојде на сите заинтересирани за компанијата и тука сме да одговориме на нивните прашања“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој ги поздрави присутните гости и се заблагодари на претставниците од Агенцијата за вработување во Кавадарци и Неготино за повеќегодишната добра соработка.

112.jpg

Дрекслмајер нуди многу атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација и им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group.

Канцеларијата се наоѓа наспроти поштата и е отворена секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Ве очекуваме“ - се наведува во официјлното соопштение на Дрексмајер-Кавадарци.

Инаку на отварањето на ова канцеларија, која е од голема практична помош за невработените од овој град и сите заинтересирани, присуствуваше и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.