МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За носталгичарите една убава фотографија од Градскиот плоштад од 1958 година.

Плоштадот освен за прослави, митинзи, манифестации, протести и други собири служел за одмор, рекреација и релаксација на неговите граѓани. На оваа фотографија се гледа токму тоа. Покрај Собранието на општината од десната страна се и куќите на Игно Оравечки и Ефтим Апостолов Џамбазот.

По многу години, една од фотографираните Македонка Иванова-се препозна на сликата , на клупата лево од профил,потсетувајќи го Петре Камчевски-поранешен директор на Музеј Галеријата- кој на РТК му ги пласира сликите за старо Кавадарци, на тоа , за нив, убаво време...