Привршуваат градежните работи на тампонирањето на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштата.

Овој проект опфаќа санирање на дел од улицата која потоа продолжува во земјан полски пат во должина од 300 метри, а започнува од влезот на селските гробишта и продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид.

Општината го реализира овој нов проект од комуналната изградба на барање на месната заедница од село Ваташа.

48379548_2316660111891370_7015362850726084608_n.jpg