МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елизабета Канческа -Милевска денеска го посети Кавадарци и на вечерашната прес конференција говореше за новите проекти што се наоѓаат во програмата "реално"на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

-Огромен број на проекти, огромен број на мерки коишто ќе се реализираат во наредниот четиригодишен период, сакаме да потсетиме за сето она што заеднички успеавме да го реализираме во претходниот период, голем број на инвестиции, голем број на проекти коишто дадоа едно големо унапредување за граѓаните во Кавадарци. Би сакала да напоменам дека нашите заложби во насока на намалување на процентот на невработеноста се еден најсилен и најголем аргумент и на овие избори, бидејќи сепак невработеноста успеавме да ја намалиме од рекордни 38 на 24 проценти и ветуваме значи во новата програма и наредниот период дека тој процент на невработеност ќе дојде до 17 отсто, рече таа.

1010101010101.jpg

Но, додаде, нешто што е специфично и значајно за Кавадарци е тоа што стапката на невработеност е под 10 проценти. -Исто така да напоменам дека во изминатиот период се изврши целосна реконструкција на воспитно-образовните центри овде во Кавадарци што е од огромна важност за самите ученици, за наставничкиот кадар и така натаму. И во наредниот период ќе се продолжи со сите тие инвестиции во образованието. Во делот на здравството имаше набавка на опрема и инвестиции во болницата во Кавадарци, нагласи. Во наредниот период ќе се воведат и други мерки и ќе се набави дополнителна опрема што ќе се стави во функција токму за граѓаните на Кавадарци. -Исто така и во делот на културата, тука е целосната реконструкција на домот на култура, еден прекрасен културен центар во кој се случуваа и ќе се случуваат голем број на културни активности и настани, се со цел за еден побогат културен живот и побогата културна понуда за граѓаните, бидејќи сепак Кавадарци е град со богато културно наследство, со значајна историја и културни историски вредности, коишто наша обврска е да ги негуваме, да инвестираме во таа насока и еден од приоритетите беше токму целосна реконструкција на домот на култура. Така да веќе Кавадарци има нов центар за културни случувања, значи домот е целосно реновиран со реновирање на сцената, со добивање на посебен галериски простор, уредување на помошните простории и целосно реновирање и замена на нови столчиња во салата, исто така домот доби и кино сала за 3Д кино проекции, тоа беше една многу значајна инвестиција што прво овде се реализираше во Кавадарци. Таму граѓаните можат да ги следат сите оние светски филмски остварувања се разбира и нашата домашна филмска продукција, којашто успеавме во изминатиот период навистина многу да ја зголемиме со огромната подршка во реализација и создавање на голем број на македонски филмови коишто имавме можност да ги видиме, рече. Нагласи дека и во наредниот период ќе се давасилна поддршка во културата. Ја спомена изградбата на музејот на вкусови во Кавадарци, една прекрасна институција која поседува и археолошка и етнолошка историска поставка. Информираше дека ќе се продолжи со откуп на ликовни дела на уметници коишто ги има во огромен број во Кавдарци. Преку откупот на нивните ликовни дела се настојува да се збогати ликовниот опус на националните институции како што е галеријата, музејот на современа уметност и сепак да се даде една силна поддршка на самите ликовни уметници. Ќе се продолжи и со заштита на културното наследство.Исто така на заштита на голем број спомен куќи коишто се карактеристични во Кавадарци. Како исклучително значајна и светски поздравена, ја спомна инвестицијата во германската фабрика Дрекслмаер, која успеа да вработи пет илјади и осумстотини лица. -Така да продолжуваме со сите овие инвестиции во делот на инфраструктурата, во делот на привлекување на странски инвестиции коишто ќе овозможат вработување на нашите граѓани, продолжуваме со голем број проекти во делот на образованието, здравството, културата и сето она што се наоѓа во нашата нова програма, една најобемна, на петстотини страници, во која место најдоа и некои од барањата на граѓаните. Бидејќи нешто што е карактеристично за ВМРО ДПМНЕ е тоа, нашата континуирана комуникација со нашите граѓани, слушањето на нивните проблеми, барања и сето нивно барање како приоритет е преточено во реални проекти во новата програма, рече министерката за култура. Утврдена е, рече динамиката, утврден е точно буџетот, рокот за реализација, "нешто што е најсилен и најголем адут за ВМРО ДПМННЕ а тоа е отчетноста во нашето работење, реализиацијата на сето она што е ветено" -Кај нас не постојат декларативни заложби дека нешто треба да направиме или ќе направиме преку текстуални заложби коишто кожеме да ги видиме токму од страната на Социјалдемократскиот сојуз. ВМРО ДПМНЕ работи одговорно и чесно и ветува и реализира сето она што ќе се најде во програма со конкретни проекти, со конкретни рокови и реализација за огромен број на проекти во интерес на сите граѓани, додаде таа