МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Паралено со реконструкцијата на тротоарите на улицата „Наќо Лазовски“ Општина Кавадарци реализира и проект за подобрување на јавното улично осветлување.

Ангажираната фирма согласно проектот врши целосна замена на подземната електрична инсталација, и поставува нова за дополнително осветлување.На оваа улица се обновуваат постојните 6 ниски канделабри, а се поставуваат и анкери за дополнителни 5 нови столбови. На сите ниски столбови ќе се постават нови ЛЕД светилки.Со овој зафат општината ќе го подобри јавното улично осветлување кое се наоѓа на улица преку која се одвива комуникацијата на учениците од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, како и градинката „Детелинка“.