МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Наредниот четвроток на 19 јануари, православните верници го одбележуваат големиот празник Богојавление-Водици.

Во духот на христијанската традиција МПЦ преку своите сештеници за верниците го организира водосвето со литургии во црквите кои завршуваат со фрлање на осветниот крст во поголемите водотеци.

Годинава по осми пат МПЦ и општина Кавадарци ќе го организираат водосветот од мостот на Луда Мара кај „Јаворот“, како и на Браната „Моклиште кај с.Ваташа. Кавадаречкото свештенство за празникот „Водици“ 2017 година организира најпрвин Света Архиерејска литургија во црквите Св. Димитрија и Св. Петка, по што ќе уследат две свечени поворки-литии кон местото на водосветото. Литијата од старата црква кон реката ќе се упати во 11:30 часот а од црквата Св. Петка во 11:15 часот.

Фрлањето на светиот крст во Луда Мара е во 12:00 од мостот кај Јаворот.

МПЦ апелира до верниците доколку сакаат вистински да го чествуваат водосветот најпрвин да присуствуваат на свечените литургии во црквите, а од таму организирано во поворка да дојдат до мостот. Исто така појаснуваат дека света вода треба да се полни од соодветните садови и базенчиња во самите цркви, а не од реката.

подготви :Димитар Мурџев