РТК.МК е дел од Регистарот на професионални он лајн медиуми.
Во тек е подготовка на Насоки за етичко известување за он лајн медиумите.Како членки на Регистарот на професионални онлајн медиуми, а во контекст на заедничките заложби за професионално и етичко известување, особено е важна нашата поддршка и учество во процесот на разгледување и прифаќање на Насоките. Оттука, до 23 ноември, треба да ги испратиме наши забелешки и сугестии во врска со насоките.
Тие главно содржат препораки и стандарди за етичко и професионално известување на онлајн медиумите, како дополнување на членовите на Кодексот на новинари на Македонија, а се резултат на консултациите со советите за етика ширум Европа, како и користењето бројни документи (кодекси, практики, упатства, насоки и сл.) коишто се однесуваат на етичкото известување во медиумите. Се работи за Насоки кои што би ги користела и Комисијата за жалби при СЕММ при разгледувањето на добиените претставки. На овој начин се придонесува во одржувањето и развивањето на професионалниот начин на известување на онлајн медиумите.
РТК.МК ке ги разледа насоките и соодветно ќе се произнесе по нив.
Гл.и одг.уредник
м.д.