МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАКОМЕТ РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ ЈА ЗАГУБИЈА ПРВАТА КОНТРОЛКАГРК ТИКВЕШ ЗАГУБИ ОД РАДОВИШ СО 31-34

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/220318342742699

Синока во СС „Јасмин“ кавадаречките ракометари загубија во првиот контролен натпревар од екипата на „Радовиш“ со резултат 31-34 (15-18).Стартот на натпреварот кој се одигра по сите здравствени протоколи помина во одмерување на силите се до 16 мин кога гостите се одлепија на 9-12 и таа предност ја сочуваа до крајот на полувремето. Иако кавадаречките ракометари се обидоа да стигнат но правеа чести грешки кои гостите ги казнуваа. И во второто полувреме иста слика. Гостите мудро ја одржуваа разликата а кавадарчани се обидуваа да ја анулираат. Во самиот финиш на средбата наместо да израмниме згрешивме во нападот а гостите знаеја како да казнат и заслужено победија со 31-34. Јанчев ,Смиљаниќ и Медиќ постигнаа по 6 голови, Ѓорѓиоски и Лазов по 3, Коцев,Тошевски и Окардов по 2 и Петров 1 за „Тиквеш“ додека во редовите на „Радовиш“ Илиев постигна 9 погодоци од кои 4 од удар од 7 метри а Долдуров,Постолов, Органџиев и Ристов по 4. Сепак еден друг ракометар го одбележа овој контролен натпревар на кој тренерите им укажа можност речиси на сите расположиви ракометари. По повеке од 10 години во салата „Јасмин повторно меѓу стативите застана Славјан Цаци Паунов. Легенда на РК „ВВ Тиквеш„ а сега и со неговите 39 години и натаму еден од најдобрите во редовите на Радовиш.

м.в.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/220318342742699