МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ден за женските полуфинални натпревари во македонскиот одбојкарски куп

Според композицијата на полуфиналните двојки во женска конкуренција, македонскиот одбојкарски куп годинава е близнак на Првата лига. Како и во битката за шампионската титула, Работнички Скопје ќе се сретне со Струмица жени, а Јанта волеј Кисела вода ќе сервира против Наковски волеј.

Првото полуфинале од 16 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци е меѓу бранителките на ланскиот пехар и на двојната круна, одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода и Наковски волеј, кој се уште нема трофеј во клупските витрини на сениорско ниво, но во 2019-та играше финале во купот. Меѓусебниот биланс сезонава е изедначен, со напомена дека струмичкиот состав славеше на есенските, а Јанта волеј КВ на пролетните натпревари, последниот во понеделникот, па од тој аспект предноста е можеби на страна на скопскиот тим.

Во второто полуфинале закажано од 19 часот, Работнички Скопје ја носи фаворитската улога против Струмица жени. Освојувачот на куп-пехарот пред три години сезонава има најдобар биланс во првенството, претрпе пораз само од Јанта волеј Кисела вода откако веќе убедливо го обезбеди првото место пред почетокот на разигрувањето, додека, пак, Струмица жени оствари ефект 10-10 и што е индикативно, ги загуби сите шест меча во Втората фаза-1. Тоа значи дека во денешното полуфинале со Работнички Скопје ќе влезе со серија од шест порази и треба да одигра многу подобро отколку во лигашките настапи доколку сака да обезбеди прво финале во релативно кратката клупска историја.

Како и вчера, преносите од двата полуфинални натпревара кај одбојкарките ќе одат на МРТ-3 каналот, а за утре во истите термини се закажани двете финални пресметки на 29-тото издание на завршниот турнир во македонскиот одбојкарски куп за сезоната 2021/22.

Следедува врвна одбојка. Ја очекуваме публиката на натпреварите.

-Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале

-Вардар – Универзитет во Тетово 3:2 (21:25, 25:23, 25:20, 19:25, 18:16)

-Шкендија – Струмица 47&72 0:3 (18:25, 18:25:18, 12:25)

-Македонски одбојкарски куп (жени), полуфинале (денеска)

-Јанта волеј Кисела вода – Наковски волеј (15.50, пренос на МРТ-3)

-Струмица жени – Работнички Скопје (18.50, пренос на МРТ-3)

-Македонски одбојкарски куп - (недела)

-16.00 ФИНАЛЕ (жени) (пренос на МРТ-3)

-19.00 ФИНАЛЕ (мажи) Струмица 47&72 - Вардар (пренос на МРТ-3)

т.с.

277933800_3078688622391427_8707472725175062997_n