МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонската полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИС во земјава.

kriza kumanovo teroristi 4

Според првичните информации, акцијата е насочена и против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и Куманово уапсени се неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и други локации.

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата акција.

1 2 3 а б в