МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

"Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец.„-Гоце Делчев

Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи" - Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година од романот на Димитар Талев "Илинден" "Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" .Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..." - писмо до Даме Груев "Едвај ли има народ кој што толку многу е трпел од своите синови изроди, колку македонскиот" ("Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот", цитат според „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Н. Жежов и В. Ачкоска)“ - ова се најпознатите цитати на македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Денеска се одбележуваат точно 115 години од смртта на Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруари 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903).

1923 година е објавено:„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

31900684_10155128748915683_2420998353799086080_n.jpg