МОЖНОСТ МЛАДИ КАВАДАРЕЧКИ КОШАРКАРИ ДА СОБИРААТ ИСКУСТВО

Изминатиов викенд стартуваа натпреварите во втората кошаркарска лига-мажи. 20 екипи се поделени во две натпреварувачки групи. Во групата „Исток“ се екипите на: „Струмица“, „Феникс 2010“, „Ангели“, „Баскет Кам“, „Куманово 2“, „Ролинг“, „Борец Баскет“, „МКК Куманово“, „Пробаскет“ Радовиш и „Шкупи“. Во групата „Запад“ ќе се натпреваруваат екипите на: „Тетекс ТТК“, „Спорт Тим“, „Партизан Водно Санс“, „Чаир 2030“, „Мега Баскет“, „Пелистер Медика Карта“, „Риниа“, „Охрид 2007“, „Хераклеа“ и „Спарта“. Да напоменеме дека амбициозниот тим на „Пробаскет“ од Кавадарци изрази желба годинава да настапува во ова натпреварување но малку задоцни со пријавите.Сепак Кавадарци сезонава ке има и второлигашки тим. Имено „Пробаскет“ го завзеде местото на екипата од Радовиш но заради административни проблеми сезонава ке настапуваме под името „Пробаскет“ Радовиш. Согласно системот за натпреварување, во регуларниот дел во двете групи ќе се одиграат вкупно 18. кола. Првопласираните четири екипи од двете групи ке се пласираат во четвртфиналето. Таму ке се игра во два добиени натпревари според системот (1-4, 2-3, 3-2, 4-1), од кои првиот натпревар ке се игра на теренот на подобро пласираната екипа. Победниците од четвртфиналните серии обезбедуваат пласман во полуфиналето на плеј-офот, кое исто така ке се игра во два добиени натпревари. Двете екипи кои ќе ги добијат овие полуфинални серии ќе бидат промовирани во членови на Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022. Во финалето се игра еден натпревар, на неутрален терен, за конечен пласман и првак во Втората лига-мажи. Поразените екипи во полуфиналето ке играат еден натпревар, на неутрален терен и ќе се борат за трето односно четврто место во сезоната 2020/2021. Екипите кои ќе завршат на петтото место во регуларниот дел, во двете групи, остануваат во Втора лига-мажи. Екипите пласирани од 6. до 10. место во регуларниот дел, во двете групи, во натпреварувачката сезона 2021/2022 ќе се натпреваруваат во Трета лига-мажи. Добар дел од второлигашките екипи ја искористија можноста да пријават максимален број на играчи (по четири) на т.н. „двојна лиценца“. Односно оние млади кошаркари кои чекаат шанса за минути во Првата лига, да имаат многу поголем „простор“ во Втората лига.Во првото коло нашите млади кошаркари на домашен терен беа поразени од екипата на „Шкупи“ и тоа убедливо со 47-69, а во второто коло му гостуваме на тимот на „МКК Куманово“ кое исто така загуби во првото коло од екипата на „Борец“ со 95-76.

м.в.