ЕУРОНИКЕЛ МИНИМАЛНО ЗАГУБИ ОД РАБОТНИЧКИ А ВАРДАР ГО СОВЛАДА ФАВОРИЗИРАНИОТ КОЖУВ

15 коло од првата машка кошаркарска лига помина без поголеми потреси. „Еуро Никел“ одигра катастрофална прва четвртина против „Работнички“ дозволувајки им на центарци да ја добијат истата со 19 разлика. Потоа залудно се брзаше а во пенал завршница посрекни беа скопските кошаркари и славеа минимална победа од 83:84. „Вардар“ го изненади фаворизираниот „Кожув“ и славеше победа со 95:86. „ФМП“ не така лесно го доби „Црн Дрим“ со 74:68 а „Пелистер“ без поголеми проблеми славеше нагости против „МЗТ 2“ со 81:95. Во мини дербито „Куманово ја искористи предноста на домашниот терен и го совлада „Гостивар“ со 81:73, Средбата „ТФТ“ - „МЗТ“ е одложена со меѓусебен договор на двете екипи. Да напоменеме дека кавадаречките кошаркари веке во среда повторно ке имаат тежок натпревар бидејки ке треба да го одиграат заостанатиот натпревар со „Пелистер“ на домашен терен.

м.в.