МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ СЕ ЗАЦВРСТИЈА НА ВТОРАТА ПОЗИЦИЈА - МЗТ ИЗНЕНАДЕН ВО ГОСТИВАР

Почнаа де се играат заостанатите средби од кошаркарското првенство. Веке напомнавме дека вкупно се 26 а три се веке одиграа. Работнички го победи Куманово со 79:72 додека МЗТ доживеа непријатно изненадување во Гостивар каде беше поразен со убедливи 65:54. Најинтересно беше во Кавадарци каде играа ЕуроНикел и Кожув. Победата на двете екипи им беше императив бидејки кавадарчани им требаше победа за што подобра стартна позиција пред балонските турнири додека на гевгеличани им требаше победа за да обезбедат место на тие турнири. Затоа гледавме рамноправни три периода. На полувреме ЕуроНикел водеше со 35:34 а во последните 10 мин се влезе со скор од 60:57 за кавадарчани. На стартот на последниот период Кожув го превзеде водството и го чуваше до средината на периодот кога кавадарчани направија пресврт и со серија од 10:1 на нецели три минути до крајот победоа со 78:72. До крајот искуството на кавадаречкиот состав си го стори своето за конечни 84:75. Рикиќ повторно комплетираше дабл дабл со 29 поени и 10 скока, Караколев и Соколов реализираа по 13 а Соколов додаде и 8 скока. Кај Кожув Лок со 20 поени беше најефикасен, Скот даде 14,Чампара 13 а Симоновски 12. М.В.

170210062_358442905494758_1231053317755716210_n