Натпреварот се игра во сабота во СС„Јасмин“
По поразот од Кожув во рамките на БИБЛ лигата, кошаркарите на Фени Индустри ќе го пречекаат тимот на Вардар, натпревар кој доаѓа во вистинско време за тимот експресно да се врати на победничките патеки.
Сепак, иако разликата во квалитетот е евидентна, а домашниот терен само уште еден плус за кавадаречките кошаркари, „вардарци“ во првиот сезонски натпревар покажаа дека знаат да бидат незгоден противник, што ветува дека уште еден интересен натпревар.
Натпреварот Фени Индустри - Вардар на програмата е во сабота, 4 февруари, со почеток од 17 часот.