Денот на победата над фашизмот во Кавадарци одбележан со цвеќе,перфоранс и промоција на книга
Делегација на Општина Кавадарци и борците денеска положи цвеќе на Споменикот на револуцијата на Градскиот плоштад во знак на почит на жртвите дадени во Втората светска војна и одбележувањето на 9 мај –Денот на победата над фашизмот.Во салата при Домот на културата Иван Мазов Климе беше одржана културна свеченост на која присуствуваше неговата екселенција амбасадорот на кралството Холандија во Македонија, Воутер Пломп заедно со градоначалникот Алкесандар Панов.Истовремено на денешното одбележување на Денот на Европа беше промовирана книгата од Македонскиот Манифест „Име од светлина и рани“ напишана од група автори, а промотори на истата беа Ефтим Клетников, познат македонски поет, антологист, книжевен и ликовен критичар и есеист и Дардан Венетски еден од авторите на книгатаМеѓудругото, 9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизиот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето без оглед на нацијата, верата, расата, полот и сексуалната ориентација се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат.