ДВАЈЦА КАВАДАРЧАНИ УКРАЛЕ МАЈМУН ОД ЗООЛОШКА ВО СКОПЈЕ

Веста ја потврди портпаролот на МВР Лиза Бендевска

-Вчера во 17.30 часот поднесена била пријава дека двајца посетители во зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Тие со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на зоолошката, избегале со такси, рече Бендевска.

Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им било мајмунчето, бил обавен разговор со нив и истите се пуштени. По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.