ОСАМЕНИ А ВЕЧНИ СО 26 УМЕТНИЧКИ ФОТОГРАФИИ ВО ГАЛЕРИЈАТА ПРИ ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО КАВАДАРЦИ
Денеска во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци беше отворена изложба на уметнички фотографии од еден од најистакнатите и најмаркантните македонски фотографи на денешницата Љупчо Илиевски.
За него ова е петта самостојна изложба во Кавадарци. Илиевски негува еден специфичен уметнички стил кој зад себе остава многу силен авторски печат. Тој всушност е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино беа објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. За него на отварањето во суперлативи говореше нашиот уметник Владимир Темков, потоа новинарот Мирјана Мукаетова а за самиот проект “Осамени а вечни“ говореше самиот автор Љупчо ИЛиевски.
На изложбата се застапени 26 уметнички фотографии на кои во преден план доаѓа крстот како симбол на христијанството симбол на вечноста но и симбол кој крие многу други приказни.
м.в.