МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тиквеш втор пат сезонава го порази Партизан од Гевгелија и си обезбеди натпревар за првото место во групата 1 во националниот куп во ракомет со екипата на Младост.

Кавадаречките ракометари поведоа на стартот и го контролираа резултатот, но гостите во 9 мин прво израмнија на 4:4 а потоа и поведоа со 4:5. И тоа беше се од нив. Избраниците на Блаже Велков почнаа да играат поангажирано и во 20 мин веќе водеа со 12:6, а на полувреме се замина со 22:12.

Високата позитива им овозможи и на оние кои поретко добиваат шанса да го покажат својот потенцијал, па дури и на оние најмладите, но и така домаќинот беше пресилен противник за индиспонираните гевгеличани. На крајот убедливи 40:25 за ГРК Тиквеш кој денес во салата Јасмин ќе се сретне со екипата на Младост од Богданци во финалето од групата 1. Почетокот на натпреварот е во 16 часот.

Најдобри во домашниот состав беа Грозданов и Витанов со по 7 голови, додека кај Партизан најефикасен беше Митревски со 8 погодоци.

Победниците од сите четири групи ќе им се придружат на Вардар, Металург, Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник, Борец, Радовиш, Прилеп, Работнички, Металург 2, Вардар Јуниор и Тинекс Пролет и ќе формираат четири четвртфинални групи, од каде само победниците ќе играат на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.