Од архивата на РТК - Мото Трка 1969
По документарната емисија за Лазар Илиев,www.rtk.mk реши да емитува една негова дамнешна видео сторија . Кога фотоапаратите беа реткост, а камерите една -две во градот , Лазар Илиев-тогаш активен работник во Народна Техника се реши да сними една од мото тркатите 1969 година кои се бодуваа за првенството на Југославија.И за жал истана само таа снимка во аналите на сите документации, друга не се појави.И мило ни е што нешто е зачувано.Неговиот 11 минутен филм е историска снимка за трки кои се одржуваа за време на Тиквешкиот гроздобер. Илиев не само што ни доловува една убава атмосфера од гроздоберското честувување од далечната 1969 година и познатите мото трки, туку и многу моменти на кои многу јасно се гледа растот на градот, особено неговото централно подрачје, топлината и гостопримството на кавадарчани, насмевките и чудесната енергија која зрачи со живот...Затоа со задоволство одделете малку време за „украдете„ малку време од минатото . РТК благодарение на Лазе, ви го овозможува тоа.