Ѓоко Ѓорчев е еталблирано име на Македонската забавна естрада.Неговиот специфичен глас , ако го чуете еднаш, ви останува врежан засекогаш ,исто како евергрините кои со задоволство ги пее.Затоа и го доби прекарот Македонскиот Том Џонс.Зад него се бројни фестивали во земјата и странство,грст награди стојат во неговите витрини.Ѓорчев е неуморен, и понатаму пее , снима и настапува на концерти.Деновиве во Градскиот парк во Кавадарци имавме пријатна средба со него. Погледајте ја !